28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААгенцијата за туризам во Грузија ги презентира убавините на Македонија

Агенцијата за туризам во Грузија ги презентира убавините на Македонија

promocija mk33

Делегација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) е присутна на 25-тата годишна сесија на Парламентарното Собрание (ПС) на ОБСЕ со цел подобра промоција на земјава пред претстојната есенска сесија на ПС на ОБСЕ, која ќе се одржи во Македонија од 29-ти септември до 2-ри октомври 2016 година.

Под мото “25 години од парламентарнатa соработка: градење на доверба преку дијалог“ годишната сесија на парламентарното собрание на ОБСЕ за 2016-та се одржува во Тбилиси, Грузија (01-05 Јули), настан на кој учествуваат повеќе од 300 членови на парламенти од над 50 земји низ светот.

Пред есенската сесија на која домаќин ќе биде Собранието на Република Македонија, АППТ со своја делегација во Тбилиси прави промоција на туристичкиот потенцијал на Македонија преку презентација на македонската култура, традиција и историја.

На настанот од пет дена на кој се одбележува четврт век од постоењето на ПС на ОБСЕ, АППТ ги запознава гостите со земјава преку вино, промотивни материјали и традиционални сувенири кои ја претставуваат нашата култура и традицијa.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП