20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДубаи ги засилува инвестициите во инфраструктура

Дубаи ги засилува инвестициите во инфраструктура

dubai34343

Дубаи планира да инвестира уште околу 4 милијарди дирами (над 1,1 милијарди долари) во инфраструктурата поради организирањето на светскиот саем „EXPO 2020“, соопштува „Bloomberg“.

Практично обемот на инвестициите во емиратот ќе се удвои, а властите имаат огромни надежи дека тоа ќе ја поттикне локалната економија во услови на ниските цени на нафтата – основната причина која отвори сериозни буџетски дупки, дополнува новинската агенција.

За неколку месеци Дубаи ќе објави тендери за спроведување на патишта во вредност од над 1,1 милијарди долари. Само пред неколку дена емиратот потпиша договор со конзорциум меѓу француската „Alstom S.A.“, шпанската „Acciona S.A.“ и турската „Gulermak“ за 10,6 милијарди дирами за проширување на метрото. Линијата ќе биде продолжена до местото каде што ќе се одржува „EXPO 2020“.

Директорот на патниот регулатор во емиратот Матар ал-Тајер коментира дека соседните држави на емиратот ги намалуваат инвестициите во инфраструктура. Властите во Дубаи сепак го прават токму спротивното и планираат зголемување на инвестициите. Засега не се откриваат објектите кои се планираат за реализација.

Дубаи се фокусира на развој на инфраструктура од 2014-та година поради падот на цените на нафтата, иако економијата на емиратот да не се потпира толку на црното злато во економијата, како неговите соседи, како успешен развој и како транспортен, туристички и финансиски центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП