25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Германија се задржа на најниското ниво

Невработеноста во Германија се задржа на најниското ниво

1730158306577618e02fbb9753729744_w640

Стапката на невработеност во Германија во јуни се задржа на најниското ниво од обединувањето на Германија, бидејќи најголемата европска економија останува силна.

Стапката на невработеност во Германија во јуни изнесуваше 6,1 проценти, исто како и во мај, соопшти германското Министерство за труд, пренесува агенцијата Франс прес.

Бројот на невработени во јуни падна за 6.000 на 2,69 милиони луѓе, благодарение на што  невработеноста и понатаму е на најниското ниво од обединувањето на источна и западна Германија во 1990 година.

Без сезонските прилагодувања, бројот на невработени е намален за 50.000 на 2,614 милиони, а стапката на невработеност на 5,9 проценти во јуни од 6,0 проценти од мај.

„И покрај тешкото опкружување, германската економија останува силна“, се наведува во соопштението на Министерството.

Бруто домашниот производ на Германија во првиот квартал порасна за 0,7 проценти, потсетува АФП.

„Умерениот раст може да биде очекуван и во остатокот од годината“, се додава во соопштенито на Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП