23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар и Металург ги добија противниците во ЛШ

Вардар и Металург ги добија противниците во ЛШ

EHF-640x360_resize1

Вардар и Металург ги добија противниците во ракометната Лига на шампиони во сезоната 2016/2017. Шампионот Вардар имаше среќа на жрепката, бидејќи ќе партиципира во многу полесната Б група. Металург, кој и оваа сезона доби покана од ЕХФ да учествува во ЛШ, во првата фаза ќе игра во Ц групата.

eh99

Вардар во Б групата ќе игра против европскиот првак Кјелце, германскиот шампион Рајн Некар, најдобриот хрватски тим Загреб на чија клупа седи Веселин Вујовиќ, ривалот од СЕХА лигата Мешков Брест, односно ПИК Сегед, Цеље и Кристијанштад.

Металург и оваа сеозна, како и во минатата, ќе игра против шпанскиот претставник Ла Риоха, рускиот Чеховски медведи, француски Монпелје, норвешки Елверум и еден квалификант.

Првото коло во Лигата на шампионите ќе се одигра во периодот од 14-ти до 16-ти октомври.

eh98

Лига на шампиони, мажи:

Група А: Веспрем, Барселона, ПСЖ, Силкеборг, Висла, Фленсбург, Шафхаузен, Кил

Група Д: Рајн Некар, Кјелце, Вардар, ППД Загреб, Мешков Брест, ПИК Сегед, Цеље, Кристијанштад

Група Ц: Ла Риоха, Металург, Чеховски медведи, Монпелје, Елверум, квалификант 1

Група Д: Нант, Холстебро, Мотор Запорожје, Бешикташ, Букурешт, квалификант 2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП