25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗаврши снимањето на „Старо железо“ филм во режија на Златко Калеников

Заврши снимањето на „Старо железо“ филм во режија на Златко Калеников

zlatko

„Старо железо“ е современа драма која третира секојдневие на едно ромско семејство прикажано од перспективата на едно искрено осумгодишно девојче и нејзините заложби да придонесе во нивниот живот.

Филмот е базиран на емотивно доживување кој за основна тема зема еден секојдневен актуелен случај виден во очите на најневиниот набљудувач, детето.

Сценариото и режијата се на Златко Калеников, а авторската екипа ја сочинуваат Дејан Димески – директор на фотографија, сценографија Кирил Спасески, костимографија Жаклина Крстевска, монтажата е на Атанас Георгиев, а кастингот е на Катерина Грубач. Продуцент на филмот е Ивана Шекуткоска.

Главните улоги во „Старо железо” ги толкуваат: Моника Бошковиќ, Бајрам Северџан, Јелена Јованова Периќ, Катина Иванова, Тони Михајловски, Диме Илиев и Предраг Павловски.

Филмот е продуциран од Стримон Филм Скопје и е во копродукција со ФX3X и Сектор Филм. Старо железо се снимаше на повеќе интересни локации во Скопје, Хидрометеролошки Завод, Керамидница, Центарот на Скопје, Кејот на реката Вардар, Фитнес Центарот Синерџи, Здравствен дом Скопје/ Идадија, Депо на Македонски Железници Скопје итн.

Филмот е финансиски поддржан од Агенција за филм на Република Македонија. Поддржан е и од Асоцијација Иницијатива за социјална промена, ИнСоК – Скопје и од Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС. Останати поддржувачи на краткометражниот игран филм се: Пекара Специјал, Кафе бар и ресторан Форца, Горска вода, Вест, Нова Македонија, Тинекс и Академија за Менаџери.

Премиерата на истиот се очекува да биде во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП