25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера: Renault Alaskan - глобален „пик-ап“ (фото)

Премиера: Renault Alaskan – глобален „пик-ап“ (фото)

alaskan 00

Францускиот производител влегува на пазарот на „пик-ап“ возила од средна големина со моделот „Alaskan“.

„Renault“ ја продолжува офанзивата на нови модели со воведување на едно атипично возило во својата гама. Моделот „Alaskan“ има речиси идентичен дизајн како истоимениот концепт од 2015-та година.

alaskan 01

Предниот дел практично е непроменет во однос на концептот, додека формата на надворешните ретровизори и кваките се прилагодени на сериското производство.

„Renault Alaskan“ ја користи истата механичка платформа како веќе докажаниот „пик-ап“ на „Nissan“, моделот „NP300 Navara“, a aко го занемариме предниот дел на двете возила, каде постојат стилски разлики, пред се во изгледот на маската, браникот, фаровите и хаубата, „Alaskan“ e прекопиран од „Navara“.

alaskan 02

Внатрешноста исто така е превземена од „пик-апот“ на „Nissan“, па поради тоа нема да биде грешка доколку се каже дека „Alaskan“ во основа е „Navara“ со знакот на „Renault“.

Во понудата ќе бидат 2.3-литарски би-турбо „dCi“ дизел, и тоа во две верзии – со 160 и 190 ks, додека, во зависност од пазарите на купувачите ќе им биде достапен и 2.5-литарски бензинец со 160 „коња“, но и 2.5-литарски дизел мотори, исто така со 160 и 190 коњски сили.

alaskan 03

Моќта на тркалата ќе се пренесува по пат на шестбрзински мануелен менувач или седумстепен автоматик, а на располагање се верзии со преден и погон на сите четири тркала.

Моделите со погон на сите четири тркала се опремени со електронски диференцијал со ограничено пролизгување и механичка блокада на задниот диференцијал. Кога станува збор за возење по нерамен терен, со растојанието од земја кое изнесува 230 mm, „Renault Alaskan“ е во состојба да ги совлада и најтешките препреки.

alaskan 04

Носивоста на возилото е до еден тон, а е во состојба да влече прикола со маса до 3.5 тона.

„Renault“ одлучи новиот „пик-ап“ да го пласира на пазаарите во Јужна Америка, каде „Alaskan“ ќе се појави до крајот на годината, а потоа во Африка и Европа. Овој модел ќе се изработува во фабриките на компанијата во Мексико, Шпанија и Аргентина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП