19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските вложувачи внимателни на крајот од бурната седмица

Европските вложувачи внимателни на крајот од бурната седмица

berzi eu33

На европските берзи во петокот се тргува претпазливо, откако последните три дена цените на акциите силно пораснаа и го надоместија поголемиот дел од загубите по шокот од британското излегување од ЕУ.

Лондонскиот FTSE индекс и франкфуртскиот индекс DAX во 10 часот во петокот беа во плус околу 0,1 отсто, додека парискиот CAC индекс за толку ослабе.

По трите дена силен раст, овие индекси надоместија голем дел од загубите настанати веднаш по одлуката од 23-ти јуни Велика Британија да ја напушти Европската унија.

„Оваа седмица цените на акциите скокнаа бидејќи стравувањата на инвеститорите дека Брекзитот ќе води во глобален финансиски и економски хаос помалку спласнаа. Без сомневања, и следната седмица ќе има нервоза на пазарот поради Брекзит, но ќе видиме како натаму ќе се развива ситуацијата во Европа“, вели Шејн Оливер, директор во компанијата „AMP Capital“.

Пазарите на акции ги поддржуваат и надежите на вложувачите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) оваа година нема да ги зголеми каматните стапки, а дека останатите водечки централни банки во светот, на пример, јапонската и кинеската, дополнително ќе ја олабават монетарната политика во вториот дел од годинава.

За да ги примири пазарите, во четвртокот гувернерот на Bank of England (BoE), Марк Карнеј, изјави дека централната банка веројатно ќе мора уште летово да воведува нови економски поттикнувачки мерки.

„Карнеј отсекогаш беше загрижен од можното влијание на Брекзитот врз британската економија, а сега тоа е реалност. Оттаму се подготвува за најлошото можно сценарио и сака да ги увери пазарите дека BoE ќе биде проактивна“, вели Кети Лиен, директорка во фондот „BK Asset Management“.

И на азиските берзи цените на акциите во петокот во претпладневото тргување пораснаа, па индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 10 часот беше во добивка од 0,5 отсто . Притоа токискиот индекс Nikkei порасна за 0,7 отсто, на 15.682 поени. Во текот на целата седмица скокна за 4,9 отсто, што е негов најголем неделен скок од април, па надомести дел од загубите од минатата седмица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП