25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Зависноста меѓу европските земји

График на денот: Зависноста меѓу европските земји

zavisnost 31

Дури и пред Велика Британија да гласа за излез од Европската унија, опортунистичките популисти на континентот тврдеа дека нивните земји исто така можат да се ослободат од оковите на Брисел, коментира „The Economist“.

И покрај овие гласини, сепак изгледите пред останатите земји членки за излез од европското семејство не се толку големи. Освен дека анкетите укажуваат дека сериозно мнозинство преферира да остане во Унијата, нивото на зависност од другите европски земји е повисоко отколку во Велика Британија.

Околу половина од британскиот извоз, на пример, се купува од европските земји во однос на просек од две третини за останатите земји членки на ЕУ. Велика Британија е и помалку зависна од соседите во однос на инвестициите и има помалку емигранти во споредба со повеќето европски земји.

За разлика од Велика Британија во Естонија пример над 80% од нејзиниот увозот доаѓа од Европа.

Од гледна точка на миграцијата од целото население на земјите, имигрантите од други европски земји најмалку ги има во Романија (0,2%), Литванија (0,1%) и Полска (0,1%). Уделот од вкупната популација кои си заминале од својата земја во потрага по подобри можности, на првите три места се Романија (13,2%), Литванија (9,8%) и Латвија (9,1%).

Генерално има тенденција источноевропските земји да се потпираат посериозно на ЕУ. Околу 80% од трговијата на Словачка на пример доаѓа или е насочена кон Унијата. Барем 2,6 милиони Романци и 2,1 милиони Полјаци живеат во други земји од континентот во потрага по работа и просперитет.

zavisnost 33

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП