19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКХВ сеуште без донесен став околу понудата за преземање на Макпетрол

КХВ сеуште без донесен став околу понудата за преземање на Макпетрол

makpetro

Комисијата за хартии од вредност и натаму не излегува со став околу понудата за преземање на Макпетрол од страна на оф шор компанијата „Балкан Петролеум  холдинг лимитед“. Законскиот рок во кој Комисијата треба да одлучи дали ќе ја одобри јавната понуда на Балкан Петролеум истекува за само девет дена, на 9 јули. По ова, Комисијата треба во рок од десет дена да ја прифати или да ја отфрли понудата. КХВ досега не ја коментираше намерата, која ги подгреа сомнежите дека станува збор за обид за ткн. „непријателско преземање“.

Според Законот за преземање акционерски друштва, условите за едно вакво преземање се сложени, а компанијата-понудувач треба да исполни низа критериуми. „Балкан Петролеум“ до КХВ испрати известување за намера, што е првиот чекор во процедурата за преземање на акциите на Макпетрол. Уште еден куриозитет е тоа што „Балкан Петролеум“ веќе изрази подготвеност да плати цена од 25 000 денари по акција, иако тоа не е обврска на компанијата во оваа фаза од постапката.

Според упатените во ваквите процеси, случаи како овој се несекојдневни и ретки на нашата берза, но и каде било во светот.  Улогата на Комисијата е клучна во надгледувањето и спроведувањето на сложената процедура. Во ваквите случаи, а особено имајќи го предвид профилот на компанијата која ја дава понудата, Комисијата секогаш треба да се води од заштитата на македонската економија, како и да го земе предвид пазарното учество на „Макпетрол“, велат познавачите.

Понудата, меѓу другото, треба да ги содржи следните елементи:

– На кои точно акции се однесува понудата

– Компанијата да понуди изјава сека понудата се однесува на сите акционери и дека секоја акција ќе биде купена според законските услови

– Рокот и начинот на плаќање на средствата, датумот на кој ќе започне да се реализира понудата

За Комисијата позитивно да одлучи, треба да исполнети следниве услови:

– Проспектот на понудувачот да биде комплетен

– Понудата да биде изготвена согласно законот

– Понудувачот да депонира средства или обезбеди банкарска гаранција во износ потребен за плаќање на сите акции што сака да ги купи

Според последниов услов, ако се претпостави дека „Балкан Петролеум“ ќе достави понуда за 25 проценти од акциите на Макпетрол, кои би ги купил по цена од 25 000 денари за акција, понудувачот во Комисијата за хартии од вредност би требал да депонира безмалку 12 милиони евра.

Како што веќе објавија медиумите во земјава, компанијата „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ е всушност кипарска фирма со седиште во Лондон, зад која стои контроверзниот израелски бизнисмен Ури Бидер, познат по преземањето на романската рафинерија РАФО, која пропадна набрзо по преземањето. Новата компанија, која бомбастично се обидува да влезе на македонскиот пазар на нафтени деривати, е основана на крајот на мај годинава, пред само еден месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП