29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМБИ10 ја прекина негативната серија

МБИ10 ја прекина негативната серија

mk berza kke

Во четвртокот на МСЕ се тргуваше со девет хартии од вредност, од кои двет го завршија денот со пораст, три беа во пад, а четири немаа промена во вредноста.

Најголем раст имаше акцијата на Макпетрол АД Скопје, со скок од од 1,83 отсто со 24 истргувани акции по просечна цена од 18.952 денари. Губитник на денот, пак, беше акцијата на Струмица Табак Струмица, со пад на вредноста од 9,81 процнети.

Инаку одличниот промет од 18 милиони денари повтроно беше резултат на тргувањето со обврзниците кои доминираа, што, пак, од своја страна претставува еден негативен сигнал за акциите и слабата ликвидност во текот на летните месеци.

МБИ10 ја прекина негативната серија и забележа раст од 0,27 отсто, додека индексот ОМБ беше во негативна територија за -0,43 отсто.

Убедливо најтргувана беше обврзницата од петнаесеттата емисија со вкупен промет од 15,7 милиони денари, каде се реализираа количина од 276.550 лотови по просечна цена од 92,50 денари.

На сајтот Сеи Нет во четвртокот повеќе компании ги објавија своите ревидирани финансиски извештаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП