25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзведена првата театарска претстава во новоотворениот Дом на култура “Кисела Вода Кино”

Изведена првата театарска претстава во новоотворениот Дом на култура “Кисела Вода Кино”

кино-кв

Првата театарска претстава “Чолак” во продукција на Драмскиот театар од Скопје, се одигра во среда вечер во новоотворениот Дом на култура “Кисела Вода Кино”.

Пред почетокот на претставата, на присутните гости, им се обрати в.д. Директорот Тодор Дајевски кој го изрази задоволството што врз темелите на некогашното старо кино започнува нова приказна.

„Секој домаќин на своите гости сака да им го понуди најдоброто, па јас, како в.д. директор на оваа институција, сум многу задоволен што на сите посетители ќе можам да им понудам широк спектар од содржини во кои секој ќе може да се пронајде. Се надевам дека на оваа сцена освен вечерашната ќе се одиграат уште многу други театарски претстави, дека во оваа сала која нуди одлични технички можности, ќе се емитуваат и многу филмски проекции, дека уметниците ќе ги искористат сите можности што ги нуди Домот на култура“, истакна Дајевски заблагодарувајќи се на општината и градоначалникот на општина Кисела Вода, како и на Министерот за култура и ресорното Министерство.

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, потенцираше дека овој Дом на културата сега им припаѓа на уметниците и на жителите на општината.

„Овие 900 квадратни метри кои се потрудивме токму вака да изгледаат, вечерва ви ги предаваме Вам! На уметниците, на актерите, режисерите, им го предаваме на љубителите на уметноста, на посетителите, на жителите на општина Кисела Вода и на град Скопје кои од ова репрезентативно место ќе следат театарски претстави, филмски остварувања, концерти, изложби, ќе доаѓаат да се дружат и забавуваат. Се надевам дека ова здание ќе биде културно збиралиште на многу генерации-сегашни и идни“, потенцираше градоначалникот на општина Кисела Вода.

Активностите околу одбележувањето на 61-годишниот јубилеј финализираат утревечер, со свеченото отворање на културното лето “Три круши”, кое на истоимената локација во селото Драчево ќе се одвива сѐ до крајот на јули и ќе понуди квалитетна програма. Утре во 20:30 минути, целовечерен концерт ќе одржи етно групата Љубојна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП