23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLehman Brothers е во финална фаза со продажба на својот имот

Lehman Brothers е во финална фаза со продажба на својот имот

nylo 99

„Lehman Brothers Holdings Inc.“ веќе е во финална фаза со продажба на имотните средства, соопштува „Bloomberg“.

Банкротираната банка во 2008-ма година, чие затворање предизвика глобална финансиска криза, е продавање на хотелот во Њујорк „NYLO“ – еден од нејзините последни имотни средства. Купувачот е „Ashkenazy Acquisition Corp.“, велат запознаени извори за новинската агенција.

Купувачот управува уште со „Faneuil Hall Marketplace“ и комерцијалните области на Union Station во Вашингтон.

Според изворите на агенцијата трансакцијата е во вредност од 140 милиони долари.

„NYLO“ беше прогласен за продажба во 2014-та година.

По банкротот во 2008-ма година „Lehman Brothers“ почека подобри времиња, пред да почнат да ги продаваат своите имоти. Најголемата трансакција на банката досега е за сопственикот на станови „Archstone Inc.“, кој продаде за речиси 6,5 милијарди долари.

Според документи поврзани со стечајот на „Lehman“, компанијата поседува деловен простор со вкупна вредност од 400 милиони долари, кои исто така ќе бидат продадени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП