24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИнтернетот во секундa: 54.907 пребарувања, 125.406 YouTube прегледи

Интернетот во секундa: 54.907 пребарувања, 125.406 YouTube прегледи

sekunda internet

Во не така далечната 1998-ма година „Google“ во еден ден обработуваше околу 10.000 „барања“. Во 2006-та таа бројка значително порасна и се однесуваше на бројот на пребарувања на „Google“ во една секунда, но денес таа е уште поголема.

Според податоците на „Internet Live Stats“, во секоја секунда „Google“ обработува импресивни 54.000 пребарувања, што изнесува околу 90 милијарди месечно.

Меѓутоа, не само „Google“ е во „гужва“. Во секоја секунда корисниците на „YouTube“ гледаат 125,406 видео содржини и испраќаат 2,501,018 електронски пораки, од кои голем број, дури 67 проценти се „спамови“.

Секоја секунда се објавуваат помеѓу 6.000 и 7.000 „твитови“, односно 350,000 на секоја минута, што пак доведува до бројката од околу 500 милиони „твитови“ дневно или околу 200 милијарди годишно.

Корисниците во текот на една секунда објавуваат и 729 фотографии на „Instagram“, реализираат 2.177 повици со помош на „Skype“. Секоја секунда околу 20.000 луѓе се приклучени на „Фејсбук“, а пак во истиот интервал уште пет нови корисници креираат профил на оваа друштвена мрежа.

Околку 46,1 проценти од човештвото, односно околу 3,4 милијарди луѓе денес имаат пристап до интернет, а како оваа бројка непрекинато расте, се очекува и натамошен пораст на импресивните бројни на „Google“, „YouTube“, „Twitter“ и останатите сервиси и друштвени мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП