20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии: Citroen C3 зa 2017-та

Први фотографии: Citroen C3 зa 2017-та

prvi c3 00

Во јавноста „протекоа“ фотографии од третата генерација на моделот „C3“ пред неговата официјална премиера.

Новиот „Citroen C3“ има помалку конзервативен дизајн во претходникот, а многу стилски детали се превземени од моделот од актуелната грама на францускиот производител.

prvi c3 01

Oд кросоверот „C4 Cactus“ позајмени се страничните заштитни „airbump“ додатоци на долниот дел на вратите и детали во внатрешноста, од „Citroen C4 Picasso“ маската на ладилникот и дводелните фарови, а од малиот „C1“ интересната двобојна каросерија, која ќе биде достапна како дополнителна опција.

Задниот дел од автомобилот е инспириран од моделот „DS3“, влучувајќи го и дизајнот на фаровите. Се шпекулира дека новиот „C3“ во понудата нема да има панорамско предно стакло које продолжува на предниот дел од покривот, како што тоа беше случај кај втората генерација на овој автомобил.

prvi c3 02

Се очекува дека „Citroen C3“ ќе биде долг околу 4 метри, широк 1,75 метри, a висок 1,47 метри, додека зафатнината на багажникот ќе изнесува околу 300 литри. Повеќе детали ќе бида познати наскоро, со огледа дека „Citroen“ најави премиера за крајот на јуни.

prvi c3 03

Какви се вашите впечатоци за новата генерација на моделот „C3“ врз основа на првите фотографии од овој автомобил?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП