19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Долнени по 42 пат ќе се чуе звукот на гајдата со...

Во Долнени по 42 пат ќе се чуе звукот на гајдата со рекорден број учесници

zvuk-gajda

На Рудина, крај прилепското село Долнени, претстојниот викенд по 42-ри пат ќе се одржи Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, а годинава со рекорден број од повеќе од 350 учесници од земјава и странство, како од Русија, Србија, Бугарија и Австралија.

Гајдата, кавалот, зурлата, тамбурата,тапанот…, прво ќе засвират во петок во центарот на Прилеп, од каде ќе започне дефилето на бројните учесниците, коешто ќе заврши со изворна музичка изведби на камената бина во Прилеп на неколку фолклорни групи, во рамките на првата фестивалска вечер.

„Натпреварувачкиот дел ќе се одржи в сабота, од 18 часот на Рудина, Долнени, каде звукот на овие изворни народни песни и инструменти, е најавтентичен, а потоа ќе бидат прогласени најдобрите инструменталисти и изведувачи на изворната народна песна“, рече уметничкиот директор на фестивалот, проф. Д-р Илчо Јованов

Бидејќи ,ова е фестивал каде се почитува традицијата, предвидено е во неговите рамки, в сабота напладне, да биден изведе и обичајот познат кај локалното население како „Тајане Бојане“ по повод празникот Иванден, со цел да не се заборават и традиционалните обичаи, додаде професор д-р Родна Величковска, секретар на фестивалот.

Со цел да се оствари непосреден контакт со младата популација, која ги изучува и негува народните инструменти, во рамките на Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ од денеска започна и семинар за изучување на традиционалните инструменти и песни.

„Народната песна и инструменти се најмоќниот идентификатор на еден народ, затоа се навраќаме кон стариот изворен звук , со цел да им го пренесеме на младите генерации кои покажуваат интерес за изучување на народните традиционални инструменти“- вели проф. Горан Ангел.

Градоначалниците на Општините, Прилеп и Долнени,се горди што овој фестивал се одржува во овој регион, со кој се овозможува презентирање на фолклорот, размена на искуства и развивање на пријателства и комуникации меѓу народите.

„Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни Пеце Атанасовски преставува голем културен бренд во регионот,кој ги поврзува луѓето и ја зачувува традицијата која со векови постоела тука, негувајќи го изворното пеење и традиционалните инструменти, особено гајдата како препознатлив изворен инструмент во овој регион“, истакна градоначалникот на Општина Прилеп.,Марјан Ристески, потенцирајќи ја оваа манифестација и како туристички бренд на Прилеп и Долнени

„Горди сме што го имаме фестивалот, бидејќи во руралните средини ретко има ваков значаен и голем фестивал кој го негува изворното пеење и користење на традиционални народни инструменти. Покровител на фестивалот е Министерството за култура и локалните самоуправи на Прилеп и на Долнени. Но, новина е што со помош на ЦРППР и Агенцијата за рурален развој обезбедивме средства во висина од 3,5 милиони денари, за уредување на просторот каде се одржува фестивалот, на Рудина, кој ќе биде готов кон крајот на октомври или почетокот на ноември, со што оваа 2017 година, уште еднаш на есен, гајдата ќе засвири на Рудина во Долнени, при свеченото отворање на овој простор“, истакна градоначалникот на Општина Долнени, Боше Милошески

Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски„ е одржан прв пат во 1974 година,по иницијативна на прилепчанецот,светскиот гајдаџија,Пеце Атанасоски1,како натпревар во гајда. По неговата смрт 1996 година фестивалот го доби неговото име.

Денес долненскиот фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски„ единствен во Македонија и на Балканот. Тој има задача да ги сочува од исчезнување дрвените вештини на свирачите на народни инструменти и пејачите на народните изворни песни. Во изминатите 41 година на него учествувале над 10.000 инструменталисти од Македонија и надвор од неа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП