24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОрбан: ЕУ да усвои построга миграциска политика или и други земји-членки ќе...

Орбан: ЕУ да усвои построга миграциска политика или и други земји-членки ќе ја напуштат

orbanprotivsankcii54e64f6e4f6we

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во среда изјави дека ќе се залага Европската унија(ЕУ) да усвои построга миграциска политика без која Унијата би можела да се соочи со опасноста да ја напуштат уште земји членки.

Орбан смета дека прашањето за мигрантите е толку важно што ЕУ не смее да си дозволи да им наметне своја волја на земјите членки, бидејќи ризикува уште некои земји да го следат примерот на Велика Британија, која на референдум одлучи да ја напушти ЕУ.

„Мораме да тежнееме кон тоа да гарантираме Брисел да го слушне гласот на своите граѓани, Брисел да усвои миграциска политика што ќе ги задоволи желбите на граѓаните на ЕУ за да не се појави ризик од излегување ако се спротивстават на миграциската политика што не им се допаѓа“, рече унгарскиот премиер.

Унгарија во септември или октомври планира да одржи референдум за тоа дали треба да отфрли било какви идни задолжителни квоти од Брисел за преместување на мигрантите кои масовно пристигаат од земјите како Сирија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП