19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ќе се спротивстави на планот за спасување на италијанските банки

Германија ќе се спротивстави на планот за спасување на италијанските банки

saupload_Italy

Германија ќе се спротивстави на секој обид за заштита на инвеститорите од загуби, ако Италија продолжи со презентација на планови за рекапитализација на доверителите, тврди извор за „Bloomberg“, запознат со ставот на Владата.

Владата на германскиот канцелар Ангела Меркел вели дека правилата на Европската унија (ЕУ) за управување со отежнати банки треба да важат при секој обид за спасување. Тие вклучуваат и загуби за акционерите и некои кредитори пред инјектирањето на државни средства, вели изворот, кој побарал анонимност поради доверливоста на позицијата.

Владата на премиерот Матео Ренци ги разгледува мерките кои може да инјектираат 40 милијарди евра во банките најверојатно преку обезбедување на капитал или гаранции при облози, соопшти неодамна друг извор. Италијанските медиуми јавуваат дека владата во Рим ќе се обиде да постигне шестмесечна пауза од европските правила за државна помош, што ќе му овозможи да им помогне на банките без да ги принудува инвеститорите да ги делат загубите.

Претходно оваа година италијанската влада мораше да ги промени плановите за спасување на јавно финансирана проблематична банка поради отпор од ЕУ. Наместо тоа создаде помал фонд, поддржан од кредитори и инвеститори, за да помогне за стабилизирање на финансискиот систем и да ја забрза консолидацијата.

Индексот на „Bloomberg Stoxx 600 Banks“ го избриша оригиналиот раст и забележа пад од 1,5% по веста.

Секој исклучок од правилата ќе биде комплициран, бидејќи Германија инсистира на строго спроведување на Директивата на ЕУ за обновување и реорганизација на банките, тврди изворот. Ова ќе значи дека Италија мора прво да се избегне активирање на постапка за ликвидација. Претпоставката во директивата е дека потребата од „вонредна јавна финансиска поддршка“ за одредена банка покажува дека банката „банкротира или најверојатно ќе банкротира и затоа се активира потребата од реорганизација“, посочува Европскиот банкарски орган.

Германија не притиска за искоренување на банките, вели изворот. Владата, сепак, сака да се осигура дека прво биле побарани акции од приватните инвеститори пред во банките да бидат постигнати јавните пари. Европските правила за државна помош обично бараат акционерите и малите кредитори да ги споделат загубите.

Владата во Берлин го отфрла аргументот дека британското гласање за напуштање на ЕУ претставува „вонредна околност“, која според основниот закон на ЕУ може да овозможи националната влада да и обезбеди помош на компанијата надвор од правилата за државна помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП