23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на првите луѓе на Централниот регистар и Комората на извршителите

Средба на првите луѓе на Централниот регистар и Комората на извршителите

komor33

Директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, и претседателот на Комората на извршителите, Зоран Петрески, заедно со тимови од двете институции, во среда во просториите на Комората одржаа работна средба заради понатамошно унапредување на соработката помеѓу двете институции и разгледување на можностите за намалување на трошоците за крајните корисници во постапките за извршување.

Поповски и Петрески ја истакнаа досегашната соработка во однос на користење на податоците од базите на Централниот регистар од страна на извршителите по електронски пат, преку Интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар, што доведува до намалување на времетраењето и трошоците во постапката за извршување.

Дополнително, двете страни разговараа за подготовката и практичните детали околу отпочнувањето со примена на измените на Законот за извршување, каде што е предвидено евидентирање на налогот за извршување во трговскиот регистар и на записникот за попис на подвижни предмети во Заложниот регистар.

Двете страни изразија задоволство од досегашната соработка и истакнаа дека добрите резултати што резултираат, пред сѐ, со придобивки за граѓаните, се должат на отвореноста и проактивноста на Централниот регистар за сугестии и предлози од страна на професионалните заедници кои се непосредни корисници на неговите услуги, вклучително и извршителите.

Поповски и Петрески се заложија за продолжување на тесната соработка, во насока на унапредување на постапките за извршување и зголемување на правната сигурност во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП