25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАJP Morgan очекува Шкотска да гласа за независност и да воведе своја...

JP Morgan очекува Шкотска да гласа за независност и да воведе своја валута

morgan535

Американската банка „JP Morgan“ очекува Шкотска да гласа за независност и да воведе своја валута пред Велика Британија да ја напушти Европската унија во 2019-та година, соопштува „Ројтерс“.

„Нашите очекувања во случајот се дека Шкотска ќе гласа за независност и ќе создаде своја сопствена валута до 2019-та година“, изјави економистот на „JP Morgan“, Малком Бар.

Шкотскиот прв министер Никола Стaрџен ќе се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска е во потрага по начин за останување на Шкотска во ЕУ. Претходно во средата повторно изјави дека Шкотска има намера да остане во рамките на ЕУ независно од целокупното гласање за „Brexit“.

Во минатата недела Шкотска гласаше за останување во блокот што е во спротивност со изборот на Обединетото Кралство, каде 52% од населението гласаше за заминувањето или за „Brexit“.

Пред неколку дена во интервју за „BBC“, Стaрџен изјави дека шкотскиот парламент може да го спречи излегувањето на Велика Британија.

Истовремено Стaрџен смета дека вториот референдум за независноста на земјата е „многу веројатно“. Според нејзе, Обединетото Кралство, за што сограѓаните нејзини гласале во 2014-та година, веќе не постои. При првиот референдум за независноста на Шкотска во септември 2014-та година повеќето нејзини сограѓани се изјаснија за останување во рамките на Велика Британија.

„Тоа нема да биде повторување на референдумот од 2014-та година. Контекстот и околностите се променија драматично“, изјави Стaрџен .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП