23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНекогаш во рецесија, сега растe побрзо од сите

Некогаш во рецесија, сега растe побрзо од сите

shpanija6

Економијата на Шпанија во вториот квартал од тековната година ќе порасне за 0,7 проценти во однос на растот од 0,8 проценти од првиот квартал, процени Централната банка на Шпанија.

Во извештајот на Централната банка се наведува дека поттик на економскиот раст му дава зголемената лична потрошувачка поради подобрените податоци за вработување, пренесува агенцијата АП.

Шпанија на крајот на 2013 година излезе од рецесија и моментално е една од најбрзорастечките економии во Европската унија, иако нејзината стапка на невработеност од 21 процент и понатака е втора најголема во ЕУ, зад Грција.

Во изминатата недела, во Шпанија беа одржани парламентарни избори, на кои победи конзервативната Народна партија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП