Американската компанија „Ford“ претстави специјална верзија на новата генерација на супер-автомобилот „Ford GT“.
Таа се нарекува „Ford GT 66 Heritage Edition“ и е посветена на 50-годишнината од победата на легендарната трка „24 часа Ле Ман“, каде првите 3 места ги освоија пилотите на брендот.
Специјалниот супер-автомобил е направен по мотиви на тркачкиот „Ford GT40 Mark II“ од 1966-та година. Возилото е обоено во црна и сребрена боја, а каросеријата му е од карбон и на неа е испишан број 2. Машината е поставена на 20-инчни тркала.
Во кабината има нов вид седишта од композитни материјали кои се обложени со црна кожа. Појасите се во сина боја, а на панелот со инструменти се гледаат златни предмети.
Под хаубата на „Ford GT 66 Heritage Edition“ е поставен стандардниот 3.5-литарски твин-турбо V6 мотор со 600 КС.
Засега нема информација во колкав тираж ќе биде произведена модификацијата, како и цената по која ќе се продава. Нормалната варијанта на овој модел чини 400.000 долари.