25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индустриското производство во мај, но и на бројот на вработени

Раст на индустриското производство во мај, но и на бројот на вработени

rabotnici00

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, изнесува 105.3.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, бележи опаѓање од 19.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18.4%.

Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, бележи пораст кај Капитални производи за 34.5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 24.9 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2016 година, во однос на периодот јануари – мај 2015 година, изнесува 108.0.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во мај 2016 година во однос на мај 2015 година, изнесува 100.4.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, бележи пораст од 2.3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.2%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 1.2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8%, Капитални производи за 9.0% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.6%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2016 година, во однос на периодот јануари – мај 2015 година, изнесува 101.4.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП