23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро ќе може да се превземаат филмови и серии од Netflix!

Наскоро ќе може да се превземаат филмови и серии од Netflix!

netfix223

Компанијата „Netflix“ според пишувањето на порталот „Light Reading“ подготвува една голема промена.

Имено, до крајот на оваа година, овој сервис би требало да овозможи превземање филмови и серии преку компјутер, паметен телефон или таблет, кога корисникот е поврзан на интернет, па така да може да се гледаат содржини и кога не е достапна конекција.

За оваа опција гласини кружат веќе подолго време, а прознавачите на „Netflix“ тврдат дека станува збор за логичен чекор за оваа компанија.

Од компанијата не сакаа да ги коментираат овие наводи, туку потенцираа дека постојано работат за подобрување на своите услуги.

Потсетуваме, на почекоток на годината бројот на корисници на овој стриминг сервис порасна за 5,6 милиони и сега месечно го користат повеќе од 75 милиони луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП