19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера: Porsche Panamera зa 2017-та (фото+видео)

Светска премиера: Porsche Panamera зa 2017-та (фото+видео)

sv pp 00

Неколку дена по првите фотографии кои се појавија на Интернет, сега имаме можност да дознаеме повеќе детали за новата „Panamerа“. Иако „Porsche“ не отстапи премногу од дизајнерскиот концепт од 2009-та кога првата генерација се појави во јавноста, новиот модел визуелно е похармоничен од претходникот, особено кога се гледа од позади.

Пропорциите на возилото не се значително променети, но благодарејќи на силуетата која сега повеќе потсетува на купе автомобил, висината на покривот над задните седишта е намалена за 20 мм, додека меѓуосовинското растојание е продолжено за 30 мм, во споредба со првата генерација.

sv pp 01

Овој автомобил стилски е поврзан со „Porsche 911“, отколку што тоа беше претходно, што претставува плус и чекор напред во дизајнерска смисла.

sv pp 02

Внатрешноста е значително модернизирана, исто така под влијание на „911“, со голем 12,3 инчен екран за мултимедијалниот ситем во форма на таблет. Дисплејот го зазема највисокиот дел од средишната конзола, па поради тоа централните вентилациски отвори наместо на страните, како кај првата генерација, се наоѓаа нешто пониско, на панелот на кој е и рачката од менувачот, командите се активираат со допир на прстот.

sv pp 03

Дури и патниците кои седат позади добија, иако малку помал, екран со команди за регулирање на климата и други функции, кој се наоѓа на средниот дел од централната конзола.

sv pp 04

Со оглед дека станува збор за премиум спортска лимузина, која се користи и за подолги патувања, капацитетот на багажникот изнесува од 495 литри до максимални 1.304 литри со навалени седишта.

sv pp 05

Меѓу бројните луксузни опции, купувачите на располагање се панорамски покрив, седишта со масажер, амбиентално осветлување во кабината, „Burmester“ премиум „3D surround“ аудио систем…

sv pp 06

Втората генерација на „Panamerа“ е поставена на новата верзија на „MSB“ механичката платформа, а во понудата се и разни стандардни и изборни системи и технологии, како адаптивниот систем за воздушна суспензија, вклучувајќи ги „Porsche Active Suspension Management“ (PASM) и „Porsche Dynamic Chassis Control Sport“ (PDCC Sport) системот со „Porsche Torque Vectoring Plus“ (PTV Plus) технологија.

sv pp 07

За прв пат, „Panamera“ е достапна и со систем за упувавување на сите 4 тркала (кој се користи на моделите „918 Spyder“ и „911 Turbo“).

Моторизацијата опфаќа нови бензинци со турбо полнење, 2.9-литарски V6 и 4.0-литарски V8, како и 4.0-литарски V8 дизел. Сите мотори се поврзани со нов осумстепен автоматски менувач со двојно квачило.

sv pp 08

Основниот 2.9-литарски V6 би-турбо во „Panamerа 4S“ произведува 440 ks и 550 Nm, што е доволно автомобилот од 0 дo 100 km/h да забрза за 4,4 секунди, oдносно за 4,2 секунди со „Sport Chrono“ пакетот, додека максималната брзина е 290 km/h.

Новата „Panamera Turbo“ е опремена со 4.0-литарски би-турбо V8 бензинец со 550 ks и 770 Nm. Зa забрзување од место до „стотка“ му е потребно само 3,8 секунди, или 3,6 секунди, доколку возилото е опремено со пакетот „Sport Chrono“.

Оваа верзија е во состојба да развие брзина од 305 km/h.

„Panamera 4S Diesel“ има 4.0-литарски V8 турбо мотор со 422 ks и 850 Nm. Станува збор за досега најмоќниот фабрички модел на „Porsche“ со дизел агрегат. Со максималната брзина од 285 km/h, автомобилот е способен да ја достигне брзината од 100 km/h за 4,5 секунди (4,3 секунди со „Sport Chrono Package“).

Новата „Panamera“ веќе може да се нарача во Европа, а првите испораки се очекуваат во ноември. Цената во Германија за моделот „Panamera 4S“ e 113.027 eвра, „Panamera 4S Diesel“ чини од 116.954 eвра, додека за „Panamerа Turbo“ потребно е да се издвојат 153.011 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП