24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците заминуваат - Германците ги зголемуваат платите

Британците заминуваат – Германците ги зголемуваат платите

8386630465772a341c129e648847075_w640

Минималната плата во Германија следната година ќе биде зголемена за четири проценти на 8,84 евра по час.

Специјалната комисија на работодавци и работници договори зголемување по час од 34 центи.

Шефот на независната комисија, Јан Зелиус, изјави дека зголемувањето е во согласност со неодамнешните договори за зголемување на платите во различните сектори, јавува агенцијата Дпа.

Минималната надокнада по час изнесува 8,5 евра од 1-ви јануари 2015 година, кога е воведена, а се менува секоја година.

Синдикатите и вработените во моќната германска металуршка индустрија договорија во мај зголемување на заработката за 4,8 проценти, што ја отвори вратата за преговори за платата и во другите клучни сектори од германската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП