24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНормализиран сообраќајот каj Страцин, во прекин Прилеп – Битола поради сообраќајка

Нормализиран сообраќајот каj Страцин, во прекин Прилеп – Битола поради сообраќајка

stracin 333

Од Автомото сојузот на Македонија информираа дека сообраќајот на магистралниот пат А2 во близина на село Страцин е нормализиран, по прекинот поради запалено возило.

Од друга страна, сообраќајот на патот Прилеп-Битола, е во прекин од 16.20 часот поради случена сообраќајна незгода на излезот од Прилеп. Сообраќајот ќе биде во прекин до завршување на увидот.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваат патување во раните утрински и вечерни часови, да се прават почести одмори и да се конзумираат повеќе безалкохолни пијалоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП