19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата повторно скокна над 48 долари

Нафтата повторно скокна над 48 долари

nafta 38844

Цените на нафтата денеска скокнаа на меѓународните берзи над нивото од 48 долари, поткрепени од бранот купувања на кои инвеститорите се одлучија за да ги искористат пониските цени поврзани со британскиот референдум, а поддршка даде и најавата за штрајк на нафтените работници во Норвешка.

На лондонската берза цената на барелот скокна за 1,17 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,33 долари. Вчера го заклучи тргувањето во минус 1,25 долари. На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше за 1,22 долари повисока цена, од 47,55 долари. Вчера во време на затворањето беше во минус 1,31 долар.

Денес инвеститорите ги искористија пониските цени на нафтата за купување, што ги поткрепи нафтените пазари. Дополнителна поддршка на пазарите им пружи и најавата за штрајк во Норвешка, што би можело да резултира со помало производство во најголемиот производител на нафта во западна Европа.

Растот на цените е поткрепен и од извештајот на Genscape, според кој резервите на сурова нафта во американскиот нафтен јазол во Кушинг паднале минатата недела за 1,3 милиони барели.

„Нафтата закрепнува по бранот купувања поврзани со лизгањето на цените под нивото од 47 долари, што се покажа неодржливо и вестите за можен штрајк во норвешката индустрија за нафта и гас“, смета аналитичарот на Commerzbank, Карстен Фрич.

Тој напомена дека се очекува оти европските превирања нема позначително да влијаат врз глобалната рамнотежа на понудата и побарувачката.

Од своја страна, Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) објави дека референтната цена на барелот на нејзината нафта во понеделник изнесувала 44,32 долара, што значи дека паднала 56 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП