28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРегрутација на креативни идеи за дизајнирање на TOPSI ID картичка

Регрутација на креативни идеи за дизајнирање на TOPSI ID картичка

topi00

Млади креативци, аванградни момци и девојки, иновативни предводници и сите умешни, досетливи, креативно ангажирани умови, веќе активно се пријавуваат во предизвикот на Стопанска банка и тимот на TOPSI што е одлична прилика за генерирање на проникливи уметнички изрази за новата TOPSI ID картичка.

Една мала картичка, една голема креативна идеја! Секој може да придонсе во креирање на визуелниот идентитет на картичката и да ја пресонализира, на начин што најмногу ја рефлектира неговата индивидуалност и личен имиџ. Ова е голема младинска регрутација на креативни идеи што ќе бидат споделени, претворени во вирално видео и секако наградени.

topi01

Сите млади луѓе на возраст од 18 до 28 години кои преферираат разноликост, отворена, слободна комуникација, бараат простор и можност да се изразат, кои се храбри и кул ќе можат да станат TOPSI клиенти на Банката.

Повикот за креативни идеи е насочен преку порталот www.topsi.mk како и преку социјалните мрежи – Твитер и Инстаграм со хаштаг #topsi #топси или на официјалната страна на Фејсбук @topsi. Креативните предлози можат да бидат во вид на фотографии, логоа, исписи, видео пораки, графити, цртежи, скици, цитати или какви било други креативни решенија што ќе ја презентираат основната идеја за дизајнирање картичка.

Новиот уникатен предизвик на TOPSI за дизајнирање на ID картичката трае од 24 јуни до 1 јули, а сите што ќе се вклучат во овој предизвик ќе имаат можност да освојат: fixie велосипед, smart watch, DR Dre слушалки и многу други вредни подароци.

topi02

Стопанска банка верува во креативните вештини и ги охрабрува младите активно да земат учество. Креативноста дозволува различни концепти, но уметничкото око е она што ќе процени која идеја да ја задржи, па затоа сите кои сакаат да ги поддржат идеите можат да гласаат за својот фаворит за дизајн на TOPSI ID картичка на виртуелниот простор topsi.mk кој Стопанска банка го креираше како отворен канал за комуникација помеѓу Банката и младите.

„Го знаеме потенцијалот на нашите генерации, па затоа очекуваме многу од момците и девојките од 18 до 28 години да испратат идеи и предлози за тоа како замислуваат дека може да се направи нивната TOPSI ID картичка. Не мора да бидат вешти дизајнери или артисти. Сите предлози во каква било форма, видео клипови, фотографии, скици, цртежи, дезени, отисоци, илустрации, гифови, сѐ што може да ја долови идејата и сѐ што ви е кул како изглед на банкарска картичка, едноставно објавете го или пратете ни го со хаштат #topsi или постирајте го на Фејсбук @topsi“ – изјави Тино.

topi03

„Ај што секој може да даде предлог за TOPSI ID картичка, туку и на topsi.mk ќе може и да се гласа и да се избере фаворит, а подоцна предлогот со најдобрата идеја да си го имате во паричникот“ – додава Атанас.

За да го прослави почетокот на оваа убава дружба и промоцијата на TOPSI, Стопанска банка организира голема TOPSI журка на 30 јуни пред i-bank store на кејот на Вардар. Младите ќе се забавуваат со бесплатните пијалоци, многу подароци и изненадувања, секако дружба со Атанас и со Тино и DJ сетот на најдобриот артист, изведувач и продуцент во Југоисточна Европа, Марко Настиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП