24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДо 2020-та година само во Кина ќе има над 1.4 милијарди активни...

До 2020-та година само во Кина ќе има над 1.4 милијарди активни смартфони

smartphone-3

До 2020-та година само во Кина ќе има над 1.4 милијарди активни смартфони. Прогнозата е на аналитичката компанија „Canalys“, соопштува интернет изданието „ZDNet“.

Кина ќе биде најголемиот пазар за мобилни телефони со голема предност во однос на сите други. Покрај тоа, во 2020-та година таму ќе има уште барем 34 милиони корисници на мобилни телефони, кои не користат смартфони.

За споредба, во истиот период во САД се очекува да има околу 332 милиони корисници на смартфони. Покрај тоа, ќе има само 5 милиони корисници на обични мобилни телефони.

„Кинеските потрошувачи се на предните линии по прифаќање на смартфоните и технологијата. Паметни автомобили, виртуелната реалност и интернет на нештата ќе станат важни елементи од секојдневниот живот на луѓето во Кина“, прогнозира аналитичарот Никол Пенг од „Canalys“.

Според неа, тоа се должи на планот „Internet Plus“ на кинеската влада, кој цели да стимулира развојот на технологијата во земјата. Освен тоа има и стратегија за зголемување на конкуренцијата меѓу водечките локални технолошки лидери. Целта е домашните компании да развијат производи и услуги, кои ќе го привлечат вниманието на што е можно повеќе корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП