25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПогледнете во новиот кросовер на Toyotа (фото)

Погледнете во новиот кросовер на Toyotа (фото)

kabina 00

Јапонскиот производител на почетокот на годината претстави нов модел „C-HR“, но тогаш не беа објавени детали од кабината. Овој пат „Toyota“ го поправи овој „пропуст“ од премиерата и објави фотографии од внатрешноста на возилото.

Моделот на „Toyotа“ кој на пазарот ќе биде конкурент на возилата како што се „Honda HR-V“, „Nissan Juke“ и „Mazda CX-3“, се разликува по храбриот дизајнерски исчекор на надворешноста, а сега имаме можност да погледнеме како изгледа неговиот ентериер.

kabina 01

Кокпитот исто така претставува освежување во дизајнот на „Toyotа“. Асиметричната командна табла е обликувана така што во својот централен дел има благо закосување кон возачот. Како кај многуте други современи модели на автомобили, класичние команди, како копчињата и прекинувачите се преместени на екранот (дијагонала од 8 инчи) од мултимедијалниот ситем кој доминира на врвот на средината на конзолата.

Задржан е единствено кластерот со конадите од клима уредот, сместени под централниот вентилациски отвор.

kabina 02

Посебен печат на ентериерот дава контрасната (во овој случај сина) лајсна која се протега од возачката до сувозачката врата, преку иструмент таблата и дисплејот за мултимедија.

kabina 03

Од „Toyotа“ велат дека на купувачите ќе им бидат понудени три комбинации на боја во внатрешноста: темно сива, црно-сина и црно-кафена, додека на располагање ќе бидат бројни опции, како греачи на седишта, кожни пакети, осумканален „JBL“ премиум аудио систем со 576 вати и 9 звучници.

kabina 04

„Toyota C-HR“ е долг 4.360 mm, широк 1.795 mm, висок 1.555 mm, a меѓуосовинското растојание изнесува 2.640 mm. За багажниот простор се одвоени 370 литри.

kabina 05

Новиот кросовер во европските продажни салони ќе пристигне во текот на есента, а во почетокот на понудата ќе бидат два погонски системи. Основната верзија е опремена со 1,2-литарски турбо бензинец со 116 ks и 185 Nm.

kabina 06

Моторот е поврзан со шест брзински маниелен или изборе „CVT“ менувач. Верзијата со рачен менувач ќе се продава исклучиво со погон на предни тркала, додека оние кои ќе се одлучат за „CVT“ верзија ќе можат да доплатат за погон на сите 4 тркала.

kabina 07

Наместо дизел агрегат, „Toyota“ на купувачите им понуди хибридна верзија која погон добива од системот кој е превземен од најновиот „Prius“. Хибридниот систем комбинира 1,8-литарски бензински мотор и електромотор, а вкупната моќ на двата агрегати достигнува 122 ks.

Според фабричките податоци, „C-HR Hybrid“ остварува просечна потрошувачка од 3,7 l/100 km, во комбиниран режим на возење, додека „CO2“ емисијата изнесува 85 g/km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП