25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMeizu подготвува нов телефон на Ubuntu платформата

Meizu подготвува нов телефон на Ubuntu платформата

ubuntu meizu 353

Верувале или не, „Ubuntu“ телефоните и натаму постојат, иако веројатно повеќе делуваат како примерок, а не како сериозен проект со кој ќе се натпреваруваат со „Android“ и „iOS“ моделите.

Кинескиот производител на телефони, „Meizu“ има склучено партнерство со „Canonical“, компанијата која стои зад оперативниот систем базиран на „Linux“, како и претставувањето на телефоните од високата класа, како што се „Meizu MX4“ и „Meizu PRO 5“ со „Ubuntu“ платформа.

Сепак, „Meizu“ сега подготвува нов телефон со кодно име „Midori“ за кој досега немало никакви гласини. Интересно е што сите „Ubuntu“ телефони имаат кодни имиња од популарната анимирана серија „Dragon Ball“.

Интернет страната „OMGUbuntu“ известува дека телефонот навистина пристигнува наскоро, но дека засега нема информации за него. Како извор се наведува софтверски инженер на компанијата „Canonical“, но тој не знаел да ги наведе спецификациите на телефонот.

Дали ќе се работи на постоечкиот „Android“ телефон, но со инсталирана „Ubuntu“ платформа, или за целосно нов уред, останува да видиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП