29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроизводителите на возила во Британија губат милијарди поради Brexit

Производителите на возила во Британија губат милијарди поради Brexit

landic 3

Британија гласаше за напуштање на ЕУ, а тоа сериозно ќе влијае на економијата на земјата. Една од индустриите која ќе страда најмногу, е автомобилската, тврдат аналитичари од „LMC Automotive“.

Според нив продажба на нови автомобили ќе опадне за околу 1 милион примероци во следните години, задавајќи загуби од неколку милијарди на производителите. Само оваа година продажбата ќе се намали за 120.000 автомобили, а во следните 2 години со уште 800.000 возила. Одлуката за „Brexit“ исто така ќе влијае и на инвестициите, бидејќи автопроизводителите нема да ризикуваат да вложуваат пари во такви околности.

Финансиски експерти од компанијата „Everscore ISI“ проценуваат дека автомобилските производители во Велика Британија ќе се простат со околу 9 милијарди долари потенцијална добивка. Тие сметаат дека во 2017-та година продажбата ќе се намали за 14%, како и повеќето сериозно ќе настрадаат „PSA“, „VW Group“ и „Ford“.

„Ова е лош ден за Европа, но најмногу за Британија. На географски план државата може и да се справи, но во политички и економски – не“, беше коментарот на претседателот на одборот на директори на „Daimler AG“ – Дитер Цетче.

Локалниот производител „Jaguar Land Rover“ очекува поради „Brexit“ да се прости со добивка од 1,3 милиони долари до 2020-та година. Други две компании – „Rolls-Royce“ и „Mini“, кои се дел од концернот „BMW“, засега се воздржуваат од прогнози. Свои грижи за иднината изразија и од „Toyota“ и „Nissan“, кои имаат големи фабрики на Островот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП