19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle ќе прави сопствен смартфон

Google ќе прави сопствен смартфон

gu33

Oпкружен со „Android“ телефони, но „Google“ и нема некоја голема контрола над нив. Тој дури не развива ниту сопствен хардвер.

Меѓутоа, се чини дека компанијата има во планови да се угледа на „Apple“ и да започне да прави сопствен и хардвер и софтвер.

Моментално најблиски уреди на „Google“ телефони се „Nexus 6P“ и „Nexus 5X“, a тоа наскоро би можело да се промени.

„Google“ од неодамна е во преговори со мобилните оператори на пазарите да претстават сопствен телефон.

Уредот би требало да се појави на пазарите до крајот на годината, но целта е „Google“ да има контрола над дизајнот, софтверот и производството на смартфоните.

На ваков чекор раководството на „Google“ се одлучија затоа што се загрижени поради фрегментирање на „Android“ кој треба да стане контролирана платформа.

Нормално, „Google“ не сака на другите производители да им го скрати користењето на „Android“, затоа што всушност тоа е и клучот на неговата популарност, но со производството на сопствен телефон сакаат да создадат уред кој ќе биде приказ за визијата на оваа платформа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП