25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобра вест: Конечно повеќе кредити

Добра вест: Конечно повеќе кредити

кредити

Кредитирањето на приватниот сектор во еврозоната во мај е благо зголемено, покажаа податоците на Европската централна банка (ЕЦБ).

Обемот на кредити одобрени за приватниот сектор порасна во мај за 1,1 проценти во однос на истиот период минатата година, што исто така е благо забрзување во однос на растот од 1,0 проценти од април, се наведува во соопштението на ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс прес.

Кога ќе се исклучат стриктно финансиските трансакции, обемот на кредити одобрени за домаќинствата и компаниите пораснал во мај за 1,0 проценти, по растот од 0,8 процени од април.

Растот на вкупната количина на пари во оптек (М3) во мај изнесува 4,9 проценти, што е забрзување во однос на растот од 4,6 проценти од април, соопшти ЕЦБ, која на М3 гледа како на показател за идната инфлација.

ЕЦБ лансираше низа мерки со цел поттикнување на кредитирањето, меѓу кои е најважната програма за откупот на владини обврзници наменети за пумпање на ликвидноста во системот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП