29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft запира со производство на таблетот Surface 3

Microsoft запира со производство на таблетот Surface 3

mic tri335

Таблетот на „Microsoft“, „Surface 3“ е на пазарот повеќе од една година, а до сега немало сигнали дека компанијата подготвува негов наследник. Меѓутоа веќе има гласини дека таа планира да ја запре продажбата на својот евтин таблет со „Windows“, пишува „Endgadget“.

Компанијата потврди пред „ZDNet“ дека ќе престане со производството на „Surface 3“ до крајот на декември, или повеќе од година и пол, откако уредот се појави за прв пат во продажба.

Според информациите од „Microsoft“ таблетот бил дел од лимитирана серија. Прашањето е дали тој ќе биде заменет од друг уред по истекот на овој период.

Од „Microsoft“ се задоволни од добрата побарувачка на „Surface 3“. Истовремено постои сомнеж дека високата класа „Surface Pro 4“ и „Surface Book“ се ѕвездите на оваа генерација хардвери.

Иако „Surface 3“ ја симна бариерата за купување на таблет на „Microsoft“ со електронско пенкало и целосен екосистем на апликации, неговиот чип „Atom“ и ограничениот простор, што уредот нуди, ја направи посложена продажбата на негов заменик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП