20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се најдобрите инвестициски стратегии по Brexit

Кои се најдобрите инвестициски стратегии по Brexit

berza 44

На референдумот кој се оддржа на крајот на минатата недела, Британија гласаше за излез од ЕУ.

Првичната реакција на пазарите беше очекувана при таков развој на гласањето – поскапување на средствата за „азил“, како златото и јенот, пад на фунтата и на акциите во Европа и светот во целина.

Тоа сепак беше само првичната реакција, а што ќе се случи оттука натаму? Ќе останат ли пазарите нестабилни долго време, или првичната реакција до голем степен го исцрпува разочарувањето на инвеститорите од гласањето? Пазарните учесници на глобално ниво почнаа да бараат стратегии за животот по гласањето за „Brexit“, па најверојатно уште денес, (27-ми јуни), ќе бидеме сведоци на интересни движења на пазарите.

„Во пракса немаме искуство, кој да ни помогне, за тоа што ќе се случи“, рече Глен Капело, генерален директор во „Mischler Financial Group“.

Што сепак да очекуваме според првичните прогнози во следните денови и недели:

Акциите

Европските акции најверојатно ќе продолжат да одат надолу, а како што од „Credit Suisse“ очекуваат британскиот FTSE 100 ќе загуби 19%, а европскиот Euro Stoxx 50 – 14%. Меѓу најпогодените сектори се очекува да се акциите на финансиските компании и стока од споредна неопходност.

Не недостасуваат и интересни стратегии. Јоги Деван, извршен директор на „Hassium Asset Management“, вели дека ги продава европски акции и купува британски, бидејќи очекува Англиската централна банка да ја намали каматата и да го зголеми обемот на програмата за квантитативни олеснувања, за да и помогне на економијата.

Подобро претставување можеме да очекуваме од акциите на компаниите кои произведуваат сигурни средства, како златото.

Валутите

Најголеми ризици има за земјите производители на суровини, и економиите кои се потпираат на трговија со Велика Британија. Очекувањата се силните перформанси на доларот и јенот да продолжи, а меѓу најранливите валути е јужноафриканскиот ранд.

Обврзниците

Како сигурни средства државните обврзници на земји како САД, Јапонија и Германија може да поскапат, а приносот на нив да тргне надолу. Приносот по 10-годишните американски обврзници падна за 19 базични поени во петокот, 24-ти јуни. Повеќе љубопитно е движењето на британските оврзници, чии принос исто падна, но тука не е толку сигурно до кога тоа ќе продолжи, особено по намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата.

Од гледна точка на корпоративните обврзници најверојатно немирите ќе се краткорочни, велат од „Credit Suisse“. Позицијата на „Morgan Stanley“ исто е позитивна во однос на корпоративните обврзници во Европа.

Колку овие очекувања ќе се остварат, ќе биде познато во следните денови и недели, кои ќе се возбудливи за пазарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП