Рома му нуди двегодишен договор на Златан Ибрахимовиќ вреден 14 милиони евра, пренесе Спорт Медијасет.
Ибрахимовиќ за шест дена ќе стане слободен играч бидејќи ќе му заврши договорот со ПСЖ и тој како слободен играч би можел да се врати на Апенините каде во минатото настапуваше за Јувентус, Интер и Милан.
Најголем интерес за услугите на Ибрахимовиќ, во овој преоден рок покажуваат Милан и Манчестер Јунајтед, но овие два тима нема да играат во Лигата на шампионите, додека Рома има шанси да стигне до елитното натпреварување.
Рома е во потрага по врвен голгетер откако Еден Џеко минатата сезона не ги исполни очекувањата.