20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Домашно милениче“: Google претстави нов робот (видео)

„Домашно милениче“: Google претстави нов робот (видео)

boston robot 3353

Екипа на компанијата „Boston Dynamics“ (која ја купи „Google“ и сега е дел од компанијата „Alphabet“), oбјави нова видео-снимка во која претставува нов робот.

Компанијата досега во своите видео-снимки го прикажуваше големиот напредок кој го постигнала на полето на роботиката – нејзините роботи одлично се движат по нерамен терен во шума, по трева, можат да подигнуваат и носат товар, а особено беше интресно видеото во кое еден од вработените во комапнијата го напаѓа роботот со стап, а тој по губењето на рамнотежата и падот, повторно станува на „нозе“ без поголеми проблеми.

Новиот робот е наречен „SpotMini“ и е замислен како мал домашен робот кој би требал да им помага на луѓето во извршувањето на секојдневните активности, како ставањето на садови во машина, носењето храна и пиење и слично.

„SpotMini“ може без проблеми да се движи по скали, да се протне под маса, a благодарејќи на додатокот кој личи на глава на диносаурс може да носи лименки и чаши.

И покрај сите достигнувања на „Boston Dynamicsa“ на полето на роботиката, најновите гласини велат дека Лари Пејџ и Сергеј Брин сакаат да ја продадат компанијата.

Повеќе за способностите на новиот робот можете да погледнете во приложеното видео:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП