19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлажевиќ предизвика скандал во Португалија, Спортинг најави тужба

Блажевиќ предизвика скандал во Португалија, Спортинг најави тужба

blazevic 3353

Поранешниот хрватски тренер, Мирослав Ќиро Блажевиќ ги обвини Португалците дека нивните клубови и репрезентацијата во минатото купувале натпревари.

„Тренерот на сите тренери“ во разговор за српскиот весник „Курир“, во најавата за натпреварот помеѓу Хрватска и Португалија во осминафиналето на ЕП, изнел обвинувања кои силно одекнаа во Португалија од каде стигнаа најави за тужби против славниот тренер.

„Не ме интересира Португалија. Против кого и да играат навивам против нив од лични причини. Знаете зошто? Затоа што купуваат натпревари“, рекол Блажевиќ и дополнил:

„Го предводев Динамо во 1982 година против Спортинг, тогаш тие го купија тој натпревар. Во баражот за ЕУРО 2008, Португалија ги купи натпреварите против Босна и Херцеговина. Ова е вистина, сигурно нема да ме уапсат? Доколку имаат чест нека дојдат и нека ми кажат в лице дека не купувале“.

Во 1982 година Динамо испадна од Спортинг, кој во реваншот победил 3-0, откако загрепскиот тим на првиот меч славел 1-0. На изјавите на 81-годишниот тренер веднаш реагирале од славниот португалски клуб најавувајќи тужба против Блажевиќ.

„Господинот Блажевиќ е оптоварен со омраза и е многу лош човек. Доколку има некаков кредибилитет, со искуството кое го поседува, сигурно ќе можеше да и помогне на Хрватска за мечот со Португалија, но се чини дека тој нема таков кредибилитет“, стои во дел од соопштението од Спортинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП