28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајскапите градови за живот за странските работници (график+видео)

Најскапите градови за живот за странските работници (график+видео)

hong-kong3333

Хонгконг е најскапото место за живот за странските работници, според 22-рата годишна листа на консултантската компанија „Mercer – Cost of Living Survey“. Така градот ја смени Луанда (Ангола) од лидерската позиција, која ја имаше во текот на изминатата година, пренесува „CNN“.

Светските компании продолжуваат со глобализацијата, а трошоците за живот на странските работници се еден од главните проблеми со кои се соочуваат. На трето и четврто место како најскапите дестинации се Цирих и Сингапур, следени од Токио, кој се искачува со шест места погоре во споредба изминатата година.

Шестата позиција е за Киншаса (Конго) која за прв пат се појавува во Tоп 10 на листата, откако во текот на изминатата година ја заземаше 13-та позиција.

Другите градови, кои ги пополнуваат првите десет како најскапи дестинации за живот на странците, се Шангај, Женева, Н`џамена и Пекинг.

Најевтина дестинација за живот е Виндхоек, Намибија (209 место), следена од Кејптаун, Јужна Африка (208 место) и Бишкек, Киргистан (207 место).

okej

Каде е Скопје на листата?

Неслучајно нашата земја води во многу листи како една од најбараните дестинации за аутсорсинг. Покрај релативно ниските трошоци за работна сила, добрата даночна средина и присуството на квалификувани кадри, Македонија е релативно евтина дестинација за странските работници. Главниот град на нашата држава е рангиран на 199-то место (203-то место во 2015-та), што значи дека сме меѓу најевтините дестинации за странските работници.

Истражувањето е направено меѓу 209 водечки градови на пет континенти, а вклучува споредба на трошоците за 200 производи во секоја локација, вклучувајќи ги и трошоците за сместување, транспорт, храна, облека и забава. За репер е користен Њујорк сити, а курсните разлики се асимилирани во долари.

kost445

Водечките градови во САД регистрираат искачување на листата поради силата на американскиот долар во однос на останатите главни валути. Њујорк, на пример, се качува за пет места – до 11-та позиција. Сан Франциско е на 26-то место, а Лос Анџелес на 27-та позиција, зголемени со 11 и 9 места, соодветно.

Два европски градови наоѓаат место во рангирањето и тоа се Цирих и Женева, а Женева напредува со три места во однос на минатогодишната позиција. Следниот европски град кој е рангиран е Берн – на 13-та позиција. Тој исто така паѓа со четири места подолу во однос на минатата година. Други два града кои бележат сериозен пад во рангирањето се Осло (59-то место) и Москва (67-мо место), или со дваесет и едно и седумнаесет места надолу. Неколку градови од ЦИЕ се искачиле, меѓу кои Киев со осум места, до 176-та позиција, и Тирана со дванаесет места до 186-то место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП