20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Лондон и Брисел да се разведат пријателски“

„Лондон и Брисел да се разведат пријателски“

kristin_lagardnfuebg77g38ge9dgd8gs7f67dd

Директорката на ММФ Кристин Лагард апелираше до властите во Обединетото Кралство и Европа да соработуваат со цел полесно да преминат на новото ниво на економски односи.

„Ја земавме во превид одлуката на народот од Обединетото Кралство. Апелираме до властит во Обединетото Кралство и Европа да соработуваат со цел да се обезбеди непречен премин на новите економски односи, вклучувајќи и разрешување на процедурите и пошироките цели кои ќе го водат процесот“, наведе Лагард во пишаната изјава за новинарите.

Таа додаде дека ММФ силно ја поддржува посветеноста на Банката на Англија и Европската централна банка да обезбедат доволно ликвидност на банкарскиот систем, со цел да ја ублажат финансиската нестабилност.

„Ние ќе продолжиме внимателно да го следиме развојот на случувањата и подготвени сме да ги поддржиме членовите доколку тоа биде потребно“, порача Лагард.

Инаку, ММФ во членството има 189 земји од светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП