28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБонтон и етика за време на деловните ручеци/вечери

Бонтон и етика за време на деловните ручеци/вечери

večera-600x330

Деловното интервју или состанокот со деловниот партнер можат да бидат закажани и во ресторан. Поединците би требало да се водат според правилата на убаво, културно и отмено однесување.

Така на пример, никогаш не треба да се става акцент на јадењето кое се порачува, тоа не треба да биде прескапо и егзотично туку нешто вообичаено и со цена од средна кон ниска.

Порачувањето на алкохолни пијалоци не е препорачливо освен во посебни прилики (прослави, достигнувања). Одамна познатото правило за култура на масата и понатака е од голема важност – никогаш не треба да зборувате со храна во устата, ниту да џвакате со отворена уста. Вилушката треба да стои од левата страна, а лажицата и ножот од десна. Исто така, храната треба да ја ставате од лева страна, а пијалокот од десна (доколку келнерот не го направи тоа), со цел на масата да не дојде до неред.

Кога вработените ќе се најдат на прослава, на масата може да започнат да јадат кога се послужени по две лица од неговата лева и десна страна. Доколку храната на останатите присутни пристигне порано, треба да ги охрабрите да започнат со оброкот. Лицата треба да ја земаат храната која се наоѓа само пред нив, се што не е на дофат треба да замолат да им биде подадено.

Оброкот започнува кога домаќинот на собирот ќе ја отвори салфетата, пред тоа не би требало да започнувате со јадење. Многу е важно правилото дека парче леб никогаш не се јаде цело, секогаш треба да го кршите на помали делови со цел полесно да го ставите во уста. Истото се однесува и на јадењето во чинијата. Залчето треба да го изедете пред да ставите во устата ново.

Назнаката дека оброкот е готов обично го означува дијагоналното поставување на приборот за јадење во чинијата. Не треба да го туркате од себе кон другиот дел од масата. Чиниите треба да останат таму каде што биле за време на оброкот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП