25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBrexit нема да го запре спојувањето на Deutsche Boerse и LSE

Brexit нема да го запре спојувањето на Deutsche Boerse и LSE

lon - deu

Германската берза „Deutsche Boerse“ и лондонската „London Stock Exchange“ (LSE) ја потврдија својата намера да продолжат со планираното спојување вредно 30 милијарди долари и покрај одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ), пренесе „Ројтерс“.

Берзански оператори најавија дека резултатот од референдумот не ги менува стратешките нивни аргументи за спојувањето и ќе продолжат да бараат одобрување на регулаторите за него.

„Можностите на комбинираната група, вклучувајќи го глобалниот нејзин опсег, мрежата во Европа, Азија и Америка, силата на брендот, финансиските ресурси и силните врски со клиентите остануваат во добра позиција да им служи на глобалните клиенти, без оглед на исходот од референдумот“, соопштија двете берзи во заедничка изјава.

Управните одбори ги повикаа акционерите да го поддржат договорот.

Акционерите на „LSE“ треба да гласаат за спојувањето на генерално собрание на 4-ти јули.

Акциите на „Deutsche Boerse“ поевтинуваат за 6,6% во Франкфурт, а оние на „LSE“ во Лондон губат малку над 10 отсто од својата вредност.

Поевтинувањето на акциите на „LSE“ поради неочекуваното решение за „Brexit“ може да го загрози договорот, кој се планира да биде целосно остварен преку акции, иако компаниите долго време тврдат дека спојувањето е оправдано, без оглед на исходот од референдумот.

„Brexit“ ја засилува несигурноста околу зделката, која добива се повеќе критики во Германија поради предлогот седиштето на новата комбинирана компанија да се наоѓа во Лондон. Некои потенцијални конкуренти за стекнување на „LSE“ може да се откажат да направат понуда, коментира за „Bloomberg“, Бен Кели, аналитичар во „Louis Capital Markets“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП