16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon и Google поради Brexit си заминуваат од Островот

Amazon и Google поради Brexit си заминуваат од Островот

amazon-google (1)

Излегувањето на Британија од Европската унија може да донесе сериозни негативни последици за развој на технолошкиот сектор на Островот, а голем број американски технолошки компании може да се повлечат од земјата.

Според Сем Шед од „Business Insider“ поконкретно тоа може да се случи со „Amazon“ и „Google“.

Двете компании минатата година најавија дека имаат планови да изградат нови бизнис центри, во кои можат да се сместат неколку илјади од нивните вработени во Велика Британија. На овие планови, сепак може да се стави предвремен крај, по одлуката на Британците за напуштање на ЕУ.

„Google“ има проект за огромен „мегаофис“ во Кингс Крос, но тој е во застој веќе извесно време, затоа што компанијата го чека конечниот резултат од референдумот.

Во 2013-та година Концернот најави дека ќе изгради нова централа во Велика Британија, која ќе ги отвори своите врати во 2016-та година и ќе има капацитет од околу 5.000 вработени. Сепак првичните планови беа стопирани со аргумент дека се „премногу здодевни“, а компанијата се уште не започна со изградбата. За да се надмине заостанувањето и недостатокот на простор, Концернот ангажираше уште една голем канцеларија во близина.

„Amazon“, од друга страна, се движи по распоред со плановите за својата нова канцеларија во Шередич, со доволен простор за 5.000 вработени. Тој треба да се отвори до крајот на следната година, појаснува портпаролот на компанијата. Дали сите 5.000 вработени ќе се преселат таму во случај на „Brexit“, се уште не јасно.

Се разбира, не сите мислат дека компаниите ќе ја напушти Островот. Како на пример шефот на „TechCity“, Џерард Греч. Исто така, знаеме дека Американците наоѓаат даночен рај во Велика Британија, кој исто така зборува дека еден ваков потег може да не се случи.

Повеќето компании од Силиконската долина ја гледаат Велика Британија како на влез на пазарот на ЕУ и посредник за дијалогот со политичарите во Брисел. Но влијанието на Велика Британија врз европската политика, заедно со пристап до 500 милиони луѓе во рамките на Европа, може да се намали, откако граѓаните на Островот одлучија да ја напуштат ЕУ.

Веројатниот „Brexit“, според „BI“ ќе ги фаворизира дестинации како Берлин и Париз, како што веќе планираат од „HSBC“, кои најавија дека ќе преселат 1.000 свои вработени во Франција, ако дојде до „Brexit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП