28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStatoil заштедува 292 милиони долари поради изборот на акционерите

Statoil заштедува 292 милиони долари поради изборот на акционерите

statoil-oct

Најголемиот нафтен производител на Норвешка – „Statoil“, ќе заштеди 292 милиони долари во готово, откако инвеститорите се одлучија да земат само 43% од вкупната нето дивиденда по акциите, пишува „Bloomberg“.

Според соопштението на компанијата беа направени резервации за вкупно 18.298.942 акции со право на дивиденда. Аналитичарите очекуваа поголемиот дел од акционерите да се одлучат за т. н. Дивиденда во акции, со оглед на разликата од 5% во цената на акциите.

„Statoil“ ги намалила инвестициите за 35% во однос на тие од 20 милијарди евра во 2014-та година, откако цените на нафтата потонаа. Следејќи го примерот на своите колеги, вклучувајќи ги „Royal Dutch Shell“ и „BP“, норвешката компанијата претстави дивиденда во акции во обид да ги зајакне паричните текови, додека во исто време избегне директно намалување на плаќањата кон акционерите. Управниот одбор на компанијата планира да даде 22 центи по акција за сите дивиденди кои треба да бидат исплатени во 2016-та година.

Плаќањето на готовинската дивиденда ќе се случи на или околу 24-ти јуни, изјави компанијата.

Норвешката влада се ангажира со задржувањето на 67 отсто удел во „Statoil“, што значи дека ќе мора да ги прифати акции во иста пропорција како останатите сопственици. Ова ќе го намали износот што државниот инвестициски фонд за 860 милијарди долари го добива од компанијата. Најголемиот производител на нафта во Европа веќе беше принуден да се искористи од фондот за прв пат откако е создаден во 90-тите години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП