20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHerman Miller со 74% раст на профитот во последниот квартал

Herman Miller со 74% раст на профитот во последниот квартал

hermanmillermainimage1

Американскиот производител на канцелариски мебел „Herman Miller“ забележа 74% раст на профитот во последиот квартал од фискалната година, откако постигна највисоко ниво на продажба и нови нарачки за квартал по 15 години, соопштува „MarketWatch“.

Акциите на компанијата поскапеа за 4,3% до 32,55 долари во текот на вчерашниот ден, откако податоците за приходите ги надмина очекувањата и компанијата ја зголеми прогнозата за тековното тримесечје.

За периодот што завршува на 28-ми мај, „Herman Miller“ објави дека приходите се зголемени за 5,8% до 582,6 милиони долари, повеќе од очекуваните меѓу 560 и 580 милиони долари.

Нарачките се зголемија за 8,6% до 606,2 милиони долари.

Компанијата исто така го коментира и доброто претставување на бизнисот во Северна Америка, каде што сегментот „Продај“ порасна за 7,6% до 332,9 милиони долари, а нарачките се зголемија за 12% до 358,6 милиони долари.

Генерално „Herman Miller“ предвиде добивка од 40,7 милиони долари, или 67 центи по акција, во споредба со 23,4 милиони долари, или 39 центи по акција, една година порано.

Компанијата со седиште во Зиленд, Мичиген, објави дека ја зголемува својата тримесечна дивиденда за 15 отсто, или 2,25 центи до 17 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП