29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКога го гледат ова во вашето CV помислуваат: Со оваа личност нешто...

Кога го гледат ова во вашето CV помислуваат: Со оваа личност нешто не е во ред

9039206695767c1905d728216144154_w640

Марк Патерсон, коосновач на фондот за ризичен капитал „MatlinPatterson“ во својата кариера сигурно видел многу биографии и молби за работа.

Во едно интервју тој откри што е тоа што е напишано во биографиите, а што всушност најмногу им одмага на кандидатите.

Имено, Патерсон тврди дека „нешто не е во ред“ со кандидатот кој „скока“ од едно на друго работно место, односно на едно работно место поминува само две до три години.

За него тоа е полошо од младите лица без никакво искуство, па смета дека амбицијата не е изговор за честото менување на работата.

„Немам интерес за скокачите“, вели Патерсон.

„Од позитивната страна, кај младите луѓе сакам да видам со какви проблеми се сретнале во животот и како ги пребродиле. Од лицата барам храброст и капацитет за издржливост“ – смета овој бизнисмен од Волстрит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП