19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПрашања кои ќе ви помогнат да ја донесете најдобрата одлука

Прашања кои ќе ви помогнат да ја донесете најдобрата одлука

Иако делува збунувачки се своите негации, Декартовиот квадрат е добра алатка која ќе ви овозможи да ја согледате ситуацијата од нови перспективи.

Декартовиот квадрат е едноставен, но многу ефективен метод кој може да ви помогне да донесете тешка одлука. Идејата која стои зад него е дека можете да го анализирате било кој проблем или ситуација од различни агли, и тоа само одговарајќи на четири прашања.

Погледнете…

Дајте искрени одговори на следните прашања:

1. Што ќе биде доколку тоа се случи? (Што ќе добиете од сето тоа?)

2. Што ќе биде доколку тоа не се случи? (Дали се ќе остане исто? Кои се предностите ако не направиме нешто)

3.Што нема да се случи ако се случи тоа? (Слабости, маани, грешки, штатата која би произлегла ако нешто направиме).

4. Што нема да се случи ако тоа не се случи? (Грешки и маани доколку нешто не направиме). Бидете внимателни кога одговарате на ова прашање – мозокот ќе се обиде да игнорира двојна негација, и вашиот одговор би можел да биде сличен како првиот. Не дозволувајте тоа да се случи.

Зошто оваа метода е толку ефективна? Поентата е дека кога сме во ситуација која бара да донесеме тешка одлука, често се заглавуваме на првото прашање – Што ќе биде ако тоа се случи? Значи, Декарт ни овозможил со помош на квадрат еден ист проблем да го погледнеме од четири различни страни, со што се овозможува да направиме добро избалансиран и свесен избор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП