23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМудрости за успешниот бизнис

Мудрости за успешниот бизнис

career-success-shutterstock_236288332

1. Надминувањето на неуспехот Ви дава самодоверба. Пречките се големи алатки за учење, но тие мораат да бидат сведени на минимум. – Џефри Имелт

Или како што вели старата мудрост: ,,Будалата се учи на сопствените грешки, а паметниот на туѓи”. Учете, анализирајте, проценувајте, користете туѓo искуство пред да започнете било каков бизнис.

2. Да започнете со бизнис, потребно е многу повеќе од пари. Морате да имате некој степен на подршка во смисол на: иницијатива, динамика и рекламирање. – Рен Мулфорд

Всушност, добрата идеја е потполно безвредна, за оние кои немаат сила и волја.

3. Успехот во работата бара обука, дисциплина и напорна работа. Aко не сте исплашени од овие работи, можностите се еднакво големи и денес, како што биле некогаш. – Давид Рокфелер

Во секое време Ве чекаат постојано исти нешта: препреки, потешкотии, кризи, неможности итн. Но, борете се против нив!

4. Трикот е во тоа што се издвојува. Количината на работата e иста без разлика, тоа Ве прави несреќни или пак јаки. – Карлос Кастанеда

Чувството на среќа или несреќа е состојба на нашиот ум. Наша е одлуката што ќе избереме.

5. Штом нешто замислите и почнете да верувате во тоа, можете и да го исполните. И некои моќни, тешки работи кога ќе се искомбинираат со цел и желба, можат да се претворат во богатство. – Наполеон Хил

Наполеон Хил е автор на најпознатата мотивациска книга,, Мисли и збогати се”. Тој за оваа цел ги интервјуирал најбогатите и најуспешните личности во Америка во текот на 10 год. Го запознал нивниот менталитет и способности и ако ова тој го тврди треба да му се верува.

6. Победата не е нешто што се случува само еднаш, туку цело време. Победата е навика. За жал, така е и со поразот. – Винс Ломбарди

7. Во бизнис светот, секој е платен на два начини со: пари и искуство. Земете го прво искуството, парите ќе дојдат подоцна. – Харолд Генен

Ова може да го сфатите премногу касно. Кога ќе стекнете искуство, тогаш веќе сте стари.

8. За да бидете успешни, морате да го внесете Вашето срце во работата, а работата во срцето. – Томас Ватсон

Нема успех без посветност на работата. Ништо нема да дојде само. Мора да Ве обземе силна страст кон работата.

9. Апсолутна цел во работата е да земате пари од задоволни купувачи. – Џон Еган

Затоа што истите тие купувачи повторнo би купиле од кај Вас, а притоа би Ве препорачале на други.

10. Прикривајте го сопствениот карактер. Тренирајте ги сопствените вештини. – Питер Шулц

Кого го интересираат Вашитe потреби или пак личните Ваши верувања? Унапредете ги Вашите работни вештини, но не покажувајте што сакате или не сакате. Тоа оставете го за дома или за пријателите кои можат тоа да го трпат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП