29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAMG вели „не“ за дизел моторите

AMG вели „не“ за дизел моторите

2004-Mercedes-Benz-SL-65-AMG-Engine-1024x768

Компаниите „BMW“ и „Audi“ одлучија да воведат дизел мотори во своите линии на возила со високи перформанси, додека одделот на „Mercedes-Benz“ – „AMG“ ја одбива оваа идеја, но до кога ќе видиме.

„ Никогаш  нема да кажеме ,,не” за дизелите или за нешто слично, но не можам да ги видам кои се тие работи кои може дизелот да ги направи во однос на бензинците со директно вбризгување, кога е во прашање агресивноста, испораката на снага и звукот. Предноста кај дизелите е само кога станува збор за потрошувачката, затоа што е се помала. Нема да го менуваме нашиот бренд само за да ги воведеме дизел моторите“, изјави претседателот на „AMG“ Ола Калениус.

Што се однесува до хибридите, Калениус вели дека оваа компанија ќе развие таков погон кога тие ќе бидат подготвени, а „AMG“ засега ќе се потпира само на подобрување на своите конвенцијални модели.

Кога станува збор за 6.0 – литарскиот V12 мотор, Калениус вели дека тој ќе биде во употреба уште најмалку пет или шест години, иако се претпоставува дека ќе го држат во живот подолго отколку што се очекуваше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП